Eкипата на Барселона се соочува со голем предизвик да го регистрира Дани Олмо за вториот дел од сезоната бидејќи кон крајот на декември ќе мора да ги пронајде неопходните финансиски средства за такво нешто.
Олмо по импресивните настапи во дресот на Шпанија и Лајпциг пристигна во Барселона за сума од 55 милиони евра. Поради правилата за регистрација Барселона можеше да користи 80% од износот на одредени плати на повредените Роналд Арахуо и Андреас Кристенсен, но во моментот кога тие ќе се вратат Барселона ќе мора да ги пронајде средствата кои недостасуваат.
Освен Олмо, Барселона води битка и за Пау Виктор кој кон крајот на јули пристигна од Жирона, па така јасно е дека пред раководството е сериозен предизвик.
Според информациите на Барселона ќе и бидат потребни околу 50 милиони евра за да ја реши ситуацијата, а неодамна се појави информација дека клубот ќе продава ВТИП места на стадионот за период од следните 20 години што би донело неверојатни 200 милиони евра.
„АС“ пренеува и дека Лапорта отпатувал во Катар и во една од најразвиените земји на Блискиот искот ќе бара решение на проблемот. Ќе потсетиме, Олмо е важен фудбалер во системот на Флик и тој е трет стрелец со шест гола во сите натпреварувања зад Ламин Јамал и Роберт Левандовски.