Ласкарци; 14 години затвор за возачот и 4 години за газдата на Дурмо турс
Ласкарци; 14 години затвор за возачот и 4 години за газдата на Дурмо турс

39 години затвор за 6-те обвинети во случајот „Ласкарци“, трагедија во која животот го загубија 16 лица, а 30 други беа повредени. Највисока ефикасна мерка доби возачот Маноил Трифуновски, а најниска сопственикот на компанијата Дурмо турс, Дурмиш Белули. Останатите обвинети се осудени на затворски казни од 4, односно 5 години за вработените во техничката контрола на компанијата. Судот изрече и 5 години суспензија за вршење на дејности од јавен превоз и техничка контрола.
Казни во случајот „Ласкарци“.
Дурмиш Белули | 4 години затвор |
Ремзи Мифтари | 6 години затвор |
Игор Ѓорѓиевски | 5 години затвор |
Јане Боваровски | 5 години затвор |
Горан Дуковски | 5 години затвор |
Маноил Трифуновски | 14 години затвор |
Обвинителот Дарко Јакимовски рече дека ќе ја разгледа можноста за жалба на должината на казната против сопственикот на фирмата „Дурмо Турс“.
На должината на казните се пожалија членовите на семејствата на настраданите.
Трагедијата во Ласкарци се случи на 13 февруари 2019 година. Во автобуската несреќа на „Дурмо Турс“ животот го загубија 16 лица, а 30 се повредени. Судскиот процес се влечеше цели 5 години со попречување на постапки, вештачења и материјални докази. По денешната одлука оштетените и семејствата на жртвите имаат право да бараат отштета од фирмата, односно од обвинетиот во овој случај, во парничната постапка./Алсат.мк
Адриан Керими