ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ласкарци: Предметот се одолговлекува, за да застари

Ласкарци: Предметот се одолговлекува, за да застари

Шест месеци по објавувањето на пресудата за несреќата кај Ласкарце што се случи во февруари 2019 година, скопскиот Кривичен суд се уште не ја доставил пресудата во писмена форма до странките, за тие потоа да имаат право на жалба до Апелација.
Одложувањето на изрекувањето на пресудата на странките е спротивно на Законот за кривична постапка, кој предвидува дека пресудата мора да биде готова во рок од два месеца.

„Пресудата која е објавена мора да биде подготвена во писмена форма во рок од 15 дена по објавувањето, додека во комплицирани случаи, со исклучок до 60 дена, рокови кои не можат да се надминат“, стои на Член 407 став 1 од Законот за кривичната постапка.

Правниот застапник на дел од семејствата на загинатите во трагичната несреќа, Владимир Николовски за Алсат, наведува дека по одолговлекувањето на судењето цели 5 години, сега се одолговлекува и подготовката на пресудата. Тој се сомнева дека причината за одолговлекувањето е предметот да застари .

Од друга страна, едномесечната пауза на судовите започнува на 15 јули, што значи дека ако не се достави до странките, во овој период, тогаш доставата може да се очекува во втората половина на август.
Пресудата за автобуската несреќа „Дурмо турс“ во Ласкарце, Скопје, беше објавена две недели пред да поминат петгодинини од трагичниот настан, во кој животот го загубија 16 лица, а 38 беа повредени, меѓу кои има и лица со трајни здравствени последици.

Судот, ги прогласи за виновни шестмината обвинети, бидејќи автобусот бил технички нерегуларен, а возачот возел над дозволената брзина.

Според пресудата, сопственикот на Дурмос, Дурмиш Белули е осуден на 4 години затвор, додека возачот на автобусот Маноил Трифуновски е осуден на 14 години затвор. Директорот на претпријатието за транспорт Ремзи Мифтари е осуден на 6 години затвор, а вработените во станицата за техничка контрола Игор Георгиевски, Горан Дуковски и Јане Бабаровски се осудени на 5 години затвор.
Сите обвинети поднеле жалба до Апелациониот суд. Оштетените пак, ќе ги обжалат, според нив, ниските казни./Алсат.мк

Суад Бајрами

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button