
Римски Лацио го доведе наследникот на Чиро Имобиле. Според најавите во тимот на Марко Барони доаѓа Булаје Диа од Салернитана. Сенегалецот ќе игра на позајмица една сезона, а потоа римјани имаат обврска да го откупат за единаесет милиони евра.
Диа има искуство од настапите во Европа, бидејќи секаде каде што играше постигнуваше голови. Се наметна во Виљареал, а Серија А го запозна во Салерно. Сенегалецот беше атрактивен за неколку калчолигаши, но на крај го одбра Лацио,
Неговото деби се очекува в недела против Венеција на „Олимпико“.