ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Лавров ќе чека дозвола од Славјанка и Бујар за доаѓање во Скопје

Владата денеска ги одобри измените на Одлуката за воспоставување рестриктивни мерки во однос на активностите на Руската Федерација, со кои се ограничува влезот на авиони на Руската Федерација, согласно Регулативата на Советот на ЕУ од Заедничката надворешна и безбедносна политика.

Според Владата, министерствата за надворешни работи и за одбрана ќе можат да одлучуваат за давање дозвола за лет и слетување на рускиот авион за време на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје во периодот од 29 ноември до 1 декември.

Измената, како што се наведува во владиното соопштение е во согласност со регулативата на ЕУ и одредбите во самите рестриктивни мерки кои за меѓународни конференции како што е Самитот на ОБСЕ во Скопје, предвидуваат исклучоци од наведените ограничувања.

Но, за учество на рускиот министер Сергеј Лавров треба да се укине и забраната за летови од некоја од нашите соседи, Бугарија или Грција.

Тој на почетокот на ноември испрати писмо до Бујар Османи во кое покажа интерес и барање да му се обезбеди присуство во Скопје.

Министерскиот совет на ОБСЕ иднава недела се смета за клучен настан на кој ќе се одлучува како организацијата ќе функционира во иднина со оглед на тековните пречки и блокади што ги наметнува Русија по инвазијата на Украина.
Еден од главните предизвици е да се најде земја која ќе го преземе претседавањето од Македонија за следната година.

Како што соопшти Осман, во игра се три сценарија: Првото е да се постигне консензус за Естонија, втората е да се најде некоја друга земја за која 57 членки ќе постигнат консензус и третата опција е С Македонија да продолжи да претседава со ОБСЕ и следната година.

На Министерскиот совет во Скопје ќе учествуваат 76 делегации.

Алсат

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button