Лавров: Наскоро ќе биде објавена нова рунда преговори меѓу Русија и Украина

Наскоро ќе биде објавена нова рунда разговори меѓу Русија и Украина, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на 13-тиот Меѓународен состанок на високи претставници за безбедносни прашања, пренесува Спутник.
„На овие разговори, на 16 мај во Истанбул, инсистиравме на укинување на овие дискриминаторски закони (за ограничувања на рускиот јазик) и ќе продолжиме да го правиме тоа и во следната рунда директни разговори, кои ќе ги објавиме во многу блиска иднина“, рече Лавров.
Министерот повтори дека мировните разговори се подобри од војната, но за успешно завршување на конфликтот, потребно е да се елиминираат неговите коренски причини.
Според него, покрај проблемот со законското ограничување на рускиот јазик во Украина, „постои уште една подеднакво важна коренска причина, а таа се однесува на „религијата“ на вовлекување на Украина во НАТО“.
„Веќе многу пати кажав дека поводот за конфликтот во Украина и пошироко, длабоката безбедносна криза во Европа беше токму агресивната, долгорочна експанзија на НАТО кон Исток“, нагласи Лавров.
Тој додаде дека едностраниот пристап на Западот кон територијалниот интегритет е неприфатлив за Руската Федерација.
Враќањето на статусот на неутрален, неврзан и ненуклеарен статус на Украина е еден од условите на Русија за решавање на конфликтот, заклучи дипломатот.