СВЕТ

Лавров: Односите меѓу Русија и ЕУ забрзано се влошуваат

Односите меѓу Русија и ЕУ забрзано се влошуваат, рече рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на прес-конференција одржана во Москва.

На прес-конференцијата што ја одржа заедно со данскиот министер за надворешни работи, Лавров, запрашан за можните санкции на ЕУ против Москва за труење на руската опозиција, рече дека ЕУ дејствува и како судија и како порота во случајот Навални.

Шефот на руската дипломатија додаде дека ЕУ не ги споделила клучните информации со Москва што ќе ѝ помогнат на Русија да ја спроведе истрагата. Тој спомена дека Германија ги крши своите меѓународни обврски поради неуспехот да се споделат овие информации, објави Ројтерс.

Москва упорно негира вмешаност во труењето на Алексеј Навални, кој пак, го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека стои зад неговото труење, а Кремљ ги отфрли обвинувањата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button