ВЕСТИСВЕТ

Лавров: Започнува движење кон нормализација на односите на Русија со САД

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека по разговорите со американската делегација одржани во Ријад, Москва и Вашингтон почнале да се оддалечуваат од „работ на бездната“ во билатералните односи. Според него, членовите на американската делегација изразиле интерес за „отстранување на пречките“ за потенцијалните проекти со Русија.

Advertisements

„Како што покажаа вчерашните преговори, започнува движењето кон нормализирање на односите во сите правци. Има, барем, подготвеност, декларирана подготвеност – ова е почетно придвижување. И не само за решавање на украинската криза, туку и за создавање услови за обновување и проширување на партнерството во трговската, економската и геополитичката сфера меѓу Руската Федерација и Соединетите Држави“, рече Сергеј Лавров, говорејќи на „Владиниот час“ во Државната Дума.

Извор: Комерсант

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button