РАКОМЕТСПОРТ

Лазаров: АЕК не потцени малку, ќе бидат потрезвени во реваншот

Екипата на Алкалоид го победи АЕК во Атина со четири гола разлика и во Скопје ќе напаѓа трофеј во Европскиот Куп на ЕХФ. Тренерот Кирил Лазаров одлично го имаше подготвено првиот дуел, а сега му следи реваншот, на кој тренерот на ривалот Фредерик Бужан ќе има појасна слика што го чека.

Advertisements

„Сакам да се заблагодарам на поддршката во текот на целата година, посебно во европскиот пат. Успеавме да стигнеме до финален меч важен за клубот и за македонскиот ракомет воопшто. Одигравме одличен меч во Атина, резултатски неочекувано имаме одличен резултат со плус од четири гола. Сите беа на висина на задачата, сега со голема предност влегуваме во реваншот со АЕК. Од една страна секогаш сум претпазлив од она што не очекува знаејќи го нашиот менталитет, бидејќи моменталниот ростер на клубот, 19 играчи се Македонци, тоа секогаш ќе го споменувам затоа што е важно за македонскиот спорт. Сакам да бидам претпазлив, но чувствувајќи ја атмосферата, мора малку порелаксирано да го дочекаме тој меч од страна на тимот и да уживаме. Како играч имам играно повеќе финалиња, големи финалиња, повеќето ги имам изгубено. Тоа искуство ми помага да ја спремам екипата. Сакам играчите да бидат без притисок, за да можат да го дадат најдоброто од нив. Анализиравме од мечот во Грција, имаше многу добри работи, но и нешта кои треба да ги поправиме. Мислам дека спремни ќе го дочекаме овој дуел. Мислам дека АЕК не потцени малку, ќе бидат потрезвени во реваншот. Се надевам дека младите играчи нема да бидат преимпресионирани од поддршката која ќе ја добијат преку ноќ.“, изјави Лазаров.

Финалето во Европскиот Куп на ЕХФ меѓу Алкалоид и АЕК Атина се игра во недела од 20:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“, а билетите за овој ракометен спектакл во најава се веќе распродадени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button