РАКОМЕТСПОРТ

Лазаров: Анализираме од снимка со едно полувреме

Алкалоид го игра можеби најважниот натпревар на домашен терен против РК Минаур Баја Маре од Романија, за место во полуфиналето во рамки на Европскиот Куп на ЕХФ. Првиот натпревар во Романија заврши нерешено (31-31) и така актуелниот Куп-освојувач пред своја публика ќе игра за пласман меѓу најдобрите четири во треторангираното натпреварување на ЕХФ. Средбата ја најави тренерот Кирил Лазаров, кој е свесен за предизвикот кој го чека неговиот тим.

Advertisements

„Се наоѓаме во еден период каде што ќе се бориме како клуб за полуфинале во едно европско натпреварување. Овој меч е во голем значај како за клубот, така и за македонскиот ракомет и спорт и доста претпазливо ќе влеземе во реваншот со Баја Маре. Сакам да ја искористам приликата, затоа што немаше во можност живо да се следи натпреварот, да им честитам на моите играчи за сето она што го доживеаја и поминаа пред, за време и по мечот против една незгодна романска екипа и начинот кој се функционира кога се игра на гостински терен. Горд сум што одигравме квалитетно и дојдовме до позитивен резултат. Можеби за време на мечевите не делува така, но треба да се има разбирање, затоа што знаејќи од моето искуство, знам што може да се случи на такви гостувања и сакам да ја држам екипата свесна и мотивирана затоа што се работи за екипа 99% македонски играчи, од нив 90% млади и перспективни играчи. Многу сум претпазлив и немирен за она кое ни следи во недела, затоа што таа снимка што ја добивме како клуб е половична, второто полувреме не е снимано и немаме снимка. Ќе се обидеме да се соземеме, да одиграме еден квалитетен натпревар. Секој нивни старт беше на раб на исклучување, а само двапати добија исклучување. Се работи за екипа од репрезентативци, десетина странци. Мора да вложиме додатен напор за да се пласираме во полуфинале. Очекувам поддршка од симпатизерите. Баја Маре доаѓа два дена порано, им одложија меч во првенството, за да може да се консолидираат.“, изјави Лазаров.

Алкалоид на овој меч ќе биде без Марко и Дамјан Митев, двајцата браќа кои играат на среден бек и се повредени.

„Задоволен сум од тимот, имаме систем којшто го надоградуваме. Капитенот Ѓорѓиев има уште поодговорна улога, нема да му биде лесно до крајот на првенството, имаме опција и Мартин Ивановски кој по доаѓањето од месец дена коректно се пилагоди и ноечквуано даде квалитетни партии. Се надевам на брзо враќање на Дамјан Митев, исто би го користеле на средната бековска позиција, исто и Франциско.“, додаде тренерот на Алкалоид.

 

Натпреварот меѓу РК Алкалоид и РК Баја Маре се игра на 30 март во салата „Автокоманда“ во Скопје со почеток од 19:00 часот. Победникот од овој двомеч ќе игра полуфинале во ЕХФ Купот против РК Олимпијакос од Грција или РК Рунар од Норвешка.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button