
Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров се реши да направи две промени за вечерашниот реванш бараж дуел против Фарски Острови.
Македонија од 19 часот во СЦ „Борис Трајковски“ ќе ја почне тешката мисија, да се надополни негатива од седум разлика против Фарски Острови за да се избори пласман на Светско првенство.
Лазаров направи две промени во составот во однос на првиот меч. Во тимот е Мартин Карапалевски од Вардар за кого ова ќе биде деби во македонската репрезентација, во составот е и Иван Џонов. Тие двајца се на местото од Дамјан Митев и Цветан Кузмановски.