
Селекторот на машката сениорска репрезентација Кирил Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за претстојното Светско првенство, кое на почетокот на 2025 година ќе се одржи во три држави.
На поширокиот список на Лазаров се најдоа 35 ракометари, а по подолго време во селекцијата се враќа Ненад Костески од Еурофарм Пелистер.
Нашите најдобри ракометари ќе бидат дел од групата Д заедно со Гвинеја, Холандија и Унгарија, а сите натпревари ќе се играат во Вардаждин.
Покрај Хрватска, кодомаќино на овој мундијал се и Данска и Норвешка. Во првото коло наш противник ќе биде Унгарија, потоа играме со Холандија и групата ја завршуваме со Гвинеја.