РАКОМЕТСПОРТ

Лазаров: Играме против неатрактивен, но доста опасен противник

Пред екипата на Алкалоид е нов европски предизвик, во Европскиот Куп каде што почнуваат од второто коло со двомеч против литванскиот претставник Клаипеда.

Advertisements

„Фармацевтите“ првата средба ќе ја одиграа на домашен терен и тоа утре во својот дом во скопската населба Автокоманда. Тренерот Кирил Лазаров предупредува дека противникот не смее да се потцени.

“Играме против ривал кој можеби е неатрактивен, но е доста опасен. Доаѓа од незгодна школа и оваа година земаа и шпански тренер, па се гледа нивниот напредок. Ако ја споредиме Клаипеда оваа година со минатата, сега се подобри за 30-35 отсто, затоа сум внимателен во најавите. Треба да бидеме претпазливи во овој систем дома-гости. Тие постигнуваат многу голови, во повеќето од натпреварите ја минуваат границата од 40 голови, играат во силен ритам во сите 60 минути без разлика на противникот“, изјави Лазаров.

Натпреварот меѓу Алкалоид и Драгунас Клаипеда се игра в сабота со почеток од 19 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button