РАКОМЕТСПОРТ

Лазаров одбра за CП: Талески отпадна, Томовски меѓу резервите!

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, денеска го објави списокот ракометари на кои ќе смета за претстојното Светското првенство (СП) во јануари во Хрватска, Данска и Германија, на кој има неколку изненадувања.

Advertisements

Предводникот на жолто-црвените дефинитивно нема да смета на искусниот Филип Талески, кој не е повикан, додека единствениот наш претставник во Бундеслигата, голманот Мартин Томовски е ставен на списокот со резерви.

Заедно со него како бекап се најдоа уште и Цветан Кузманоски, Никола Костески, Самоил Ристески, Емилијан Ѓорговски, Филип Николов, Марио Танковски и Михаил Аларов. Во тимот, пак, се враќа голманот на Пелистер, Никола Митревски, кој не беше дел од последните настапи на македонската селекција во квалификациите за ЕП 2025.

Македонија настапот на Мундијалот ќе го почне против Унгарија на 15 јануари, по што два дена подоцна ќе игра против Холандија, а групната фаза ќе ја затвори со дуелот против Гвинеја на 19 јануари.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button