
Селекторот на Македонија, Кирил Лазаров нема да врши промени во составот во однос на оној кој забележа убедлива победа во Талин за денешната пресметка против Литванија која е од големо значење за втората позиција на табелата.
На голот на Македонија одново ќе биде Мартин Томовски кој одигра неверојатен дуел против Естонците.
Последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2026 ќе биде одигран со почеток од 18 часот во СЦ „Јане Сандански“.