ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Лазаров: Заеднички пазар на труд и заедничка енергетска берза со Бугарија

Елиминирањето на бариерите за вработување на наши граѓани во Бугарија и на бугарски кај нас, но и заедничка берза на стоки, биле дел од темите на кои вчера се разговарало на средбата за подобра економска соработка помеѓу Македонија и Бугарија. Ова во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат го соопшти претседателот на македонско – бугарската стопанска комора, Кирил Лазаров. Говорејќи на таа тема, тој меѓу другото рече:

„Освен заеднички пазар на трудот бараме да имаме и заедничка берза за земјоделски производи и заедничка енергетска берза. Во однос на заедничкиот пазар на труд, пред сѐ мислиме на елиминирање на бариерите за вработување на наши во Бугарија и на бугарски државјани тука. Да им тече стажот, да нема ограничувања: 90 дена, специјални дозволи и така натаму“, вели Лазаров.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button