Лажен стоматолог во Чешка поправал и вадел заби со инструкции од интернет

Лажен стоматолог и двајца негови асистенти лекувале десетици пациенти во Чешка, со помош на инструкции што ги добивале од интернет, пренесува „Гардијан“.
Чешката полиција ги уапсила, а во соопштението за овој случај се наведува дека 22-годишниот маж вадел заби, извршувал сложени операции на забни канали со употреба на анестезија, со помош на упатства и информации што ги добивал од интернет.
Тој заедно со уште двајца членови од неговото семејство отвориле комплетно опремена стоматолошка ординација, без лиценца и потребна квалификација во чешкиот град Хавличков Брод во 2023 година.
„Лажниот стоматолог правел прегледи, вадел заби, чистел забни канали и давал анестезија. Како медицинска сестра работела 50-годишна жена, додека 44-годишен маж го обезбедувал просторот и изработувал протетика за пациентите“, се вели во соопштението од чешката полиција.