Лажни дојавите за бомби во 240 училишта во земјава
Лажни дојавите за бомби во 240 училишта во земјава

Утринава по подолго време, повтотно лажни дојави за бомби во 240 училишта во земјата. Министерството за внатрешни работи информира дека денеска во официјалните мејлови на повеќе образовни институции во Скопје и во други градови во земјава се добиени известувања за поставени експлозивни направи. По овие пријави МВР ги презеде сите мерки, а од извршените проверки се покажа дека се работи за лажни дојави. Од МВР апелираат на смиреност и да не се шират дезинформации за овие настани, кои вчера беа забелажани и во други земји од регионот.
„Утрово добивме дојава за бомба на официјалната електронска пошта и беше многу загрижувачки со оглед на големиот број ученици што ги имаме. „Училишниот тим се организираше да ги извлече учениците и ги извести надлежните“, рече Малесоре Рамадани, директорка на ОСМУ „Никола Штејн“.
Меѓу училиштата кои добија закани за бомби се и оние во општините Центар, Гази Баба, Бутел и Аеродром. Министерката за образование Весна Јаневска апелираше до вработените во образование да користат само службени електронски пораки за секаков вид комуникација.
Исто така, од Бирото за јавна безбедност најавуваат дека полицијата од денеска дополнително ќе разговара со сите директори на училишта за да им даде прецизни упатства како да постапат во случај на повторени вакви дојави.