ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Лажни пријавите за поставени експлозивни направи во училишта во Скопје

Лажни пријавите за поставени експлозивни направи во училишта во Скопје

По спроведената проверка утврдено е дека пријавите за поставени експлозивни направи во 10 училишта во Скопје се лажни , информираа денеска од МВР.
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од десет училишта во Скопје по добиените пораки на електронски адреса со закана за поставена експлозивна направа.
– Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, се наведува во соопштението од МВР.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button