ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Лажни сите дојави за бомби во училиштата, завршија проверките
Лажни сите дојави за бомби во училиштата, завршија проверките

Лажни се сите дојави за поставени бомби 19 училишта во Скопје што биле доставени попладне на нивните електронски адреси.
Направени се сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје по добиените пораки на електронските адреса со закана за поставена експлозивна направа и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи.