МАКЕДОНИЈА
Лажните дојави за бомби ги празнат училиштата, Спасовски смирува

Заканите со лажни дојави за бомби во училиштата создаваат непријатности и трауми кај децата. Запрашан кога државата ќе ѝ стави крај на оваа негативна појава, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека граѓаните треба да имаат доверба во институциите. Полицијата и секторите за превенција работеле со училиштата како да постапуваат за да не се создава страв и паника кај децата.