МАКЕДОНИЈА
Лазов: Само 5% од компаниите во земјава се извозно ориентирани

Загрижувачки податоци во однос на состојбите со извозот од земјава изнесува универзитетскиот професор Дарко Лазов во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат. Како што вели тој, од вкупниот број компании во земјава, односно 70.000, само 5% се извозно ориентирани.
„Ако влеземе во структурата и на тие 3.500 компании, податоците се уште позагрижувачки. Само 450 од тие 3.500 компании извезуваат со вредност поголема од еден милион долари, а само 1.300 компании извезуваат со вредност поголема од 100 илјади долари. Што значи дека останатите 2.300 компании од тие 3.500, се компании што извезуваат незначителна вредност, под 100 илјади долари“, вели Лазов.