СПОРТ
Лазов со сребрен медал од Шаховската Олимпијада во Будимпешта

Тони Лазов оствари фантастичен резултат на Шаховската Олимпијада откако успеа да се закити со сребрен медал од сите шахисти кои играа на втората табла на ова големо натпреварување.
Шахистот на ШК Алкалоид, Лазов се покажа во одлично светло на Олимпијадата во Будимпешта, на осум дуели успевајќи да стигне до фантастични 7,5 освоени бодови, без ниту еден единствен пораз. Со тоа, Македонецот успеа да стигне до среброто оставајќи зад себе врвни шаховски имиња како Алексеј Сарана, Весли Со, Праганадха…
Ова е четврти медал во историјата за еден македонски натпреварувач на Шаховска Олимпијада, по бронзата на Трајко Недев во 1996 во Ереван, Златото на Драгољуб Јаќимовиќ во 2000 во Истанбул и среброто на Владимир Георгиев во Калвија во 2004 година.