ЛДП бара забрана на Тик-ток во земјава

Пратеничката и лидерка на Либерално-демократската партија, Моника Зајкова, бара забрана за Тик-ток во земјава.
Такво, но и низа други предлози партијата, која е дел од владејачката коалиција, ќе достави до Владата. Меѓу предлозите се и забрана на игри и апликации кои промовираат насилство.
„Особено е потребна е забрана на Тик-ток како и останатите социјални мрежи кои поттикнуваат насилство бидејќи и во нашата земја сведочевме на жртви од користењето на овие мрежи. Забрана и контрола на симнување на игри, содржини и апликации кои експлицитно покажуваат и поттикнуваат насилство. Исто така, ЛДП преглед и контрола на филмови кои можат особено кај помладите луѓе да поттикнат насилство, манипулативно да бидат употребени во пропагандистички цели со величање на насилството“, рече Зајкова денеска на 16. Конгрес на младинската организација на ЛДП.