ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
ЛДП донесе одлука на локалните избори да настапува самостојно

Централниот одбор на Либерално-демократската партија донесе одлука партијата на следните локални избори, кои треба да се одржат во 2021 година, да настапи самостојно.
– Синоќа Централниот одбор донесе конечна одлука, но како партија ја оставивме отворена можноста за коалиција со други партии, здруженија на граѓани, но и поединци кои имаат сродни програмски и политички определби со ЛДП, рече претседателот на партијата Горан Милевски.