КОШАРКАСПОРТ

Леброн Џејмс, ја мина магичната граница од 39.000 поени во кариерата

Кошаркарите на Атланта Хоукс и Индијана Пејсерс го одиграа најефикасниот натпревар во новата сезона во НБА лигата, откако по вистинска драма гостите славеа минимална победа од 152-157.

Advertisements

Првите две четвртини им припаднаа на домашните кошаркари, (40-34 и 46-39), но клучната разлика Пејсерси ја направија во третиот дел од натпреварот во кој доминираа и го завршија со 46-28. Последната четвртина одново беше ефикасна (38-38), но Атланта не успеаја да ја анулира негативата и забележа нов пораз.

Најефикасен поединец на натпреварот беше Тре Јанг со 38 постигнати поени, додека одличен беше и српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ со 26 поени. Тајрис Халибартон од победничкиот тим натпреварот го заврши со 37 поени.

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерси на свој паркет беа подобри од Јута Џез (131-99), а натпреварот го одбележа легендарниот Леброн Џејмс, кој постигна скромни 17 поени за него, но со тоа ја мина магичната граница од 39.000 поени во кариерата, која никој досега не ја минал

На останатите натпревари Фениск беше убедлив против Портланд, додека Орландо со 126-107 славеше над Торонто.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button