
Леброн Џејмс запиша јубилеј и стигна до бројката од 1.000 победи во кариерата во рамки на НБА-лигата.
Во следниот натпревар популарниот „Крал“ би можел да се израмни со Тим Данкан, бидејќи славниот кошаркар моментално има 1.001. победа.
Роберт Периш останува на второто место со 1.014 победи, а бидејќи Леброн има уште 21 натпревар до крајот на сезоната, можно е да падне и поранешниот центар на Бостон Селтикс и четирикратен шампион во НБА.
Најтешката работа ќе му биде искачувањето на врвот на оваа листа бидејќи Карим Абдул Џабар е закован на престолот. Карим има постигнато 1.074 победи во кариерата играјќи за Милвоки Бакс и Лос Анџелес Лејкерс, во 1.560 одиграни натпревари.