ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Лефков: Блиски луѓе на Груби, се збогатуваат со милионски зделки

Лефков: Блиски луѓе на Груби, се збогатуваат со милионски зделки

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, го обвинува првиот вицепремиер Артан Груби, и неговиот брат, сопственик на туристичка агенција за милионски бизнис.  Според Лефков, вработен во компанијата на братот на Груби основал компанија за баждарење на пиштолите за точење на гориво на бензиски пумпи Метрола.

Advertisements

Лефков обвинува дека одлуката за цената на услугите била намерно зголемена неколку недели пред отворањето на компанијата „Метролаб“.

На обвинувањата на Лефков реагираше вицепремиерот Груби, кој  ги оцени како  клевета кон него и неговото семејство. Груби бара сите докази да ги пријават и да достават до надлежните институции .

„Денешните обвинувања и клевети на ВМРО ДПМНЕ и вчерашните од албански експоненти и нивните познати пријатели во случаите Алфа, Монструм и Дива Населба, освен што се лаги без никакви факти и претставуваат најниско можно ниво на политика, се добро координирани и се продолжување на нивната заедничка кампања против ДУИ, на претседателот, мене и високите експоненти на ДУИ, како и реформскиот и интегративниот пат на алијансата за Европа наспроти изолационистичките сили предводени од ВМРО и помогнати од некои Албанци , за жал, кои целосно се ставија во служба на овие напори против проевропските сили“, рече Артан Груби, вицепремиер.

Го контактиравме и  сопственикот на компанијата „Метролаб“, но не добивме став за обвинувањата од ВМРО ДПМНЕ./Алсат.мк

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button