Лефков: Поранешната министерка за култура во Лондон со службена картичка трошела плишани мечиња, хулахопки и куфери
Лефков: Поранешната министерка за култура во Лондон со службена картичка трошела плишани мечиња, хулахопки и куфери

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков денеска на пресконференција ја обвини поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска за трошење на народни пари за време на нејзино четиридневно службено патување во Лондон во текот на минатата година. Според обвинувањата на Лондон, ексминистерката потрошила вкупно 714 фунти за облека и поклони од службената картичка. Лефков исто така рече дека ова е само еден од скандалите во кои учествувала поранешната министерка и најави дека во текот на наредните денови ќе објават уште неколку вакви случаи во кои ненаменски се трошеле пари од државната каса.
“Во продавницата Гифт Галор Лондон потрошени се 89 фунти и купени се фудбалска топка сити фудбал и плишано мече падингтон беар и двете платени од службената картичка Виза. Шопинг манијата на Бисера не запрела тука туку продолжила во познатата продавница за куфери Семсонајт каде министерката со средства од буџетот решила да се поднови со два куфера, еден голем во износ од 219 фунти од службената картичка и еден помал од истата линија во износ од 59 фунти платени во ќеш од службените парични средства. Нормално, за да можеме да ја наречеме Бисера Антоанета трошењето морало да продолжи. Таа со народни пари пазарела во „Mark and Spencer“ каде потрошила 42 фунти за чорапи и хулахопки, платени во ќеш од службени парични средства”, рече Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.