ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Лефков: Сомнителни тендери во Гази Баба од екс градоначалникот

ВМРО- ДПМНЕ го обвини претходниот градоначалник на Гази Баба Борче Георгиевски за злоупотреба на тендерски постапки на сличен начин како што тоа го правеле претходните градоначалници на Бутел и Кисела Вода. Од партијата обвинуваат дека на тендер во висина од 11 милиони денари била избрана фирмата „Електромикица“ која понудила најниска цена, но од која се набавувале производи по многу повисока цена.

Advertisements

„Оваа набавка изобилува со разлика во цените на идентични производи, од кои едните се со енормно високи цени, додека тие кои никогаш не биле нарачани се и по 5 пати помали цени, имено сијалиците од 70 вати кои ги нарачувала општината биле понудени по цена од 9.450 денари, додека тие од 100 вати биле понудени по цена од 1.150 денари. На овој начин во период од неколку месеци во период од мај до октомври 2021 година се испумпани над 11 милиони денари од општина Гази Баба“, изјави Миле Лефков- ВМРО- ДПМНЕ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button