МАКЕДОНИЈА
Легализираните дивоградби, најранливи на силни земјотреси

Сите дивоградби легализирани по донесувањето на законот во 2011 година, се во сивата безбедносна зона, велат експертите. Според нив, во случај на посилен земјотрес во земјава, покрај овие објекти, во опасност се изложени и дополнителните доградби и надградби.
Професорката на Градежниот факултет, Елена Думова, во емисијата „360 Степени“ на Алсат потсети дека според новиот Закон за легализација, објектите се пуштаат на пазарот за продажба, но нема воопшто информации за нивната безбедност.
Една од најпогодените општини од феноменот на доградби е скопски Карпош.
Дебатата за безбедноста на објектите се актуелизираше по земјотресите во Турција и Сирија каде се урнаа десетици илјади згради и други објекти.
Ајнур Бафќари