СПОРТФУДБАЛ

Легендарниот Игор Тудор седнува на клупата на Јувентус?!

Тиаго Мота најверојатно заминува од Јувентус по вчерашниот дебакл (0-4) пред своите навивачи од Аталанта.

Advertisements

Извори блиски до „Старата дама“ велат дека спортскиот директор Кристијано Џунтоли веќе контактирал со замената на Мота. Нов тренер на „бјанконерите“ би можел да биде легендарниот Хрват, Игор Тудор.

„Џунтоли во текот на ноќта контактираше со поранешниот играч и помошник на Јувентус, Игор Тудор. Тие склучија преддоговор доколку Тиаго Мота добие отказ пред крајот на сезоната“ – пишуваат дел од италијанските медиуми.

46-годишниот хрватски стручњак последен пат работеше за Лацио минатата година, кога поради несогласување со управата на клубот реши да си замине.

Тренерската кариера ја започна во Хајдук, а раководеше и со ПАОК, Карабукспор, Галатасарај, Удинезе, Верона и Марсеј. Тој исто така работеше како помошник на Андреа Пирло во Јувентус во сезоната 2020/2021.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button