
Лос Анџелес Лејкерс го реши прашањето за центар за остатокот од сезоната, по фијаското со Марк Вилијамс од Шарлот Хорнетс. Лејкерси останаа без центар поради трејдот на Ентони Дејвис за Лука Дончиќ, но најдоа решение во доведувањето на Вилијамс. Сепак, неговиот трејд за Далтон Кнехт пропадна во последен момент бидејќи 23-годишниот играч не успеа да ги помине медицинските прегледи.
Додека трае метежот меѓу НБА и Хорнетс, кои не ги прифаќаат причините на Лос Анџелес за откажување на трејдот, Лејкерси мораа итно да најдат решение за испразнетото место во тимот.
Решението е Алекс Лен, 31-годишен центар со дванаесетгодишно НБА искуство. Лен требаше да заврши со Индијана Пејсерс, но тие решија да го доведат поранешниот трет пик Џалил Окафор на краткорочен договор.
Лен оваа сезона играше многу малку за Сакраменто Кингс, а на последниот ден од трејдовите беше испратен во Вашингтон, кој веднаш го ослободи.