Лекари: Со симптоми на грип, децата да не одат на училиште
Лекари: Со симптоми на грип, децата да не одат на училиште

И покрај загриженоста, со почетокот на втората половина од учебната година не се очекува зголемување на бројот на заболени од грип и сезонски вируси, соопшти Комисијата за заразни болести. Доктор Злате Мехмедовиќ за Алсат изјави дека врз основа на податоците на Институтот за јавно здравје не се предвидува влошување на епидемиолошката состојба.
Мехмедовиќ препорачува да се вакцинираат сите ранливи групи граѓани, почнувајќи од бебиња од 6 месеци до 5 години, возрасните над 65 години, трудници и здравствени работници. Според него, вакцинацијата е најсигурниот начин да се запре ширењето на вирусот. Мехмедовиќ дури апелираше за изолација на децата доколку покажат симптоми слични на грип.
Според последниот извештај на ЈЗУ, од 8 до 14 јануари се регистрирани 1.182 случаи на грип и болести слични на грип, што е за 15,3 отсто повеќе во однос на претходната недела. Оваа недела како последица на грип, почина 65-годишно лице. Според возраста, најголем број од заболените, 639 се од 15 до 64 години, 205 случаи од 5 до 14 години. 167 случаи од 0 до 4 години и 141 регистриран случај на возраст над 65 години. Најголем број случаи се регистрирани во Скопје./Alsat.mk
Мелихате Рустеми