ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА
Лекари: Вакцинирајте ги децата против туберкулоза
Лекари: Вакцинирајте ги децата против туберкулоза

Лекарите повикуваат сите деца да ја примат вакцината БСГ, која е против туберкулоза. Според директорот на Институтот за туберкулоза децата се изложени на најголем ризик од туберкулоза, бидејќи болеста лесно се пренесува. Имуни не се ниту возрасните кои имаат силен имунитет. Поради оваа причина, се препорачуваат почести посети на лекар.
Покрај белодробната туберкулоза, туберкулозата може да се прошири и на други органи. Постојат неколку познати случаи на не-респираторна туберкулоза.
130 до 160 луѓе годишно се погодени од туберкулоза, додека од шест до 15 луѓе умираат. Закрепнувањето од туберкулоза трае шест до девет месеци.