Лекарите апелираат до граѓаните за поголема грижа во текот на летотo

Повраќање, дијареа, замор и температура. Ова се симптомите на кои се пожалиле повеќе граѓани во последните недели. Децата се меѓу најпогодените. Лекарите велат дека дневно има над 150 пациенти со такви симптоми.
„Фактор број еден е несоодветно складирана или храна со поминат рок. Мора да бидеме многу внимателни при преработката на храната. Овошјето и зеленчукот се на прво место. Атмосферските услови сега се ненормални, т.е. тие можат многу брзо да ја контаминираат храната, затоа зеленчукот мора да биде особено термички обработен за да ги искорени микроорганизмите, бидејќи на температури над 40 степени стануваат неприродни и мора да се консумираат веднаш по подготовката“, изјави Седат Лимани, доктор.
Ако не се реагира навреме, може да се случи и губење на свеста.
„Сите инфекции на цревата или дигестивниот систем на прво место доведуваат до дехидрација, ако болеста отиде во многу понапредна фаза, може да ја изгубите свеста. На прво место е губењето на апетитот, аверзија на храна“, рече Седат Лимани, доктор.
Лекарите препорачуваат да се консумира што е можно повеќе течности, главно вода, со цел да се спречи дехидрацијата, да се јаде повеќе овошје и зеленчук и да се избегнува тешка и мрсна храна.