ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Лекарите не се пријавуваат на огласите за работа во затворите

Министерот за здравство Филипче го демантира народниот правобранител Насер Зибери кој пред неколку дена рече дека во затворите има недостиг на лекови за луѓе зависни од наркотици. Во врска со недостатокот на кадар, Филипче вели дека лекарите не се пријавуваат на огласите на здравствените домови за вработување. Решенија вети до септември, и тоа преку две сценарија.

Advertisements

Заменик министерот за правда Агим Нухиу, вели дека затворската полиција постојано спроведува контроли и изрекува мерки на затворениците.

„Во текот на 2020 година, извршени се 600 лични контроли во Идризово, имало 60 случаи кога затворениците биле корисници на наркотици, меѓутоа има околу 200 затвореници кои исто така се корисници на метадонско лекување. Исто така во Куманово во текот на 2020 година беа извршени над 130 лични контроли каде 11 лица се корисници на метадонска терапија”, изјави Агим Нухиу, заменик министер за правда.

Според Нухиу, во затворот во Идризово во текот на оваа година, изречени се казни за 55 затвореници за употреба на наркотици и 68 случаи за недозволена употреба на метадон. Пред неколку дена народниот правобранител Зибери алармираше за тешката состојба на затворениците, зависници од наркотици. Според него, има случаи на нелегален внес на наркотици во затворите.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button