ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Лекарите повикуваат да се следат здравствените препораки

Тие се на линијата на фронтот, но сега 9-месечната битка ја водат со последните сили. Докторите велат дека се физички уморни од секојдневната работа со пациентите со Ковид-19. Но, тие изразуваат психички замор кога граѓаните им ја префрлаат целата вина за ваквата состојба. Во болницата „8 Септември“, каде над 100 пациенти се хоспитализирани со вирусот корона, а над 200 други лица добиваат амбулантски услуги секој ден, медицинскиот персонал бара разбирање.

Хероите од оваа биолошка војна ги повикуваат граѓаните да ги следат здравствените препораки за да спречи ширењето на инфекцијата и да му се помогне на  системот кој сега е пред колапс. Медицинските сестри, кои поголемиот дел од своето време го поминуваат со пациенти кои се борат за живот или смрт, велат дека  нивните напори не треба да се потценуваат..

Вирусот корона не го поштеди ниту медицинскиот персонал. Од почетокот на пандемијата до почетокот на декември беа заразени околу 360 лекари, медицински сестри, лабораториски техничари и друг персонал ангажиран во сите клиники за инфективни болести, болнички оддели и ковид центри .

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button