
Некои лекови и други помошни помагала кои лицата со дијабетес подолго време бараат да се вклучат во позитивната листа на лекови не се предвидени во новата листа која се очекува наскоро да биде проширена. Министерството за здравство соопшти дека комисијата го доставила предлогот и во него се опфатени 9 лекови.
Министерство за здравство:
„Комисијата за позитивна листа на лекови во Фондот за здравствено осигурување поднесе предлог за дефинирање на нови лекови во примарната листа на лекови. Станува збор за девет генерички лекови кои се во употреба и се на пазарот подолго време и се наменети за третман на хипертензија, срцева слабост, превенција од атеротромбоза, Алцхајмерова болест, депресија и анксиозни нарушувања“.
Слободанка Камчева, пациентка која 55 години боледува од дијабетес, вели дека терапијата за лекување на дијабетес е многу скапи и повеќето од нив мора да ја обезбедат приватно.
Според процедурата, конечната одлука за позитивната листа, во зависност од расположливите средства, ја носи управниот одбор на Фондот за здравство. Новиот министер за здравство Арбен Таравари пред неколку дена изјави дека позитивната листа на лекови веќе 15 години не е прилагодена на барањата на пациентите. Тој најави ревидирање на позитивната листа на лекови две недели, по именувањето на новиот директор на Фондот.
Ајнур Бафќари