ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Ленче Здравкин и понатаму ги држи отворени вратите за имигрантите

Ова е еден од многуте случаи на имигранти на кои им помогнала хуманистката Ленче Здравкин. Нејзината куќа е многу блиску до пругата во Велес, а последните имигранти кои дошле во нејзиниот двор биле пред две недели.
Здравкин не води статистика колку имигранти дошле кај неа, но речиси секојдневно добива пораки со благодарност од оние на кои им помогнала.
Ленче вели дека единственото нешто што треба да го разбереме е дека станува збор за луѓе кои оставиле сè зад себе за да бараат подобар живот.
Авни Тахири