ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Летната сезона ги полни полициските билтени со несреќи како резултат на пукања на свадби и други прослави
Летната сезона ги полни полициските билтени со несреќи како резултат на пукања на свадби и други прослави

Властите предупредуваат на засилени контроли на прославите и свадбите оваа сезона. Директорот на Бирото за јавна безбедност подвлекува дека ќе бидат немилосрдни кон секој што поседува или пука со огнено оружје на вакви собири.
Граѓаните ги поздравуваат контролите, велат дека оружјето не е игра и не треба да се користи на прослави.
„Не е добро да се пука со пиштол, но штом го прават тоа, треба да има забрана, бидејќи не се знае. Не, не си безбеден, нормално“, рече еден граѓанин.
Во последните години, во текот на летната сезона, полициските билтени се полни со случаи на несреќи на свадби и разни прослави, како резултат на употреба на огнено оружје./Алсат.мк
Ајнур Бафќари