ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Летно сметање на времето за да не ни се стемнува од скапата струја

Летно сметање на времето за да не ни се стемнува од скапата струја

Кон крајот на неделава ќе бидат објавени анализите кои ќе им помогнат на институциите да одлучат дали во земјава ќе остане во сила летното сметање на времето или на крајот на месецов сепак ќе прејдеме на зимското. Одлуката ќе се донесе по анализите на Министерството за економија. Испитувањето на оваа можност доаѓа откако Владата процени дека летното сметање би помогнало да се заштеди струја, односно преку зимата нема толку рано да се стемнува. Вообичаено во последниот викенд на октомври започнува зимското сметање кога часовникот се враќа еден час наназад.

Advertisements

„Моето мислење не е важно. Она што е важно е што ќе покаже анализата за да има позитивен ефект и за бизнисите и за граѓаните. Веќе се прават анализи и најверојатно резултатите ќе бидат познати до крајот на неделата. Тогаш одлука мора да биде донесена до крајот на месецот, како што е предвидено со закон“,рече Крешник Бектеши – министер за економија.

Премиерот вели дека, покрај анализите ќе се води сметка и за сметањето на времето во соседните земји.

Евентуалното задржување на летното сметање на времето ќе значи дека во зимските месеци сонцето ќе изгрева еден час подоцна, работниот ден со природна светлина ќе биде подолг, па наместо да почне да се стемнува во 16, ќе се стемнува час подоцна. Дебатата за целосното укинување на менувањето на зимското и летното сметање на времето ја отвори и Европската комисија пред четири години. Анкетата спроведена во тоа време покажа дека околу 83 отсто од жителите на ЕУ изјавиле дека поддржуваат укинување на овој начин на сметување, по што Комисијата достави официјален предлог до Европскиот парламент, кој го усвои во 2019. На сите држави им беше оставено сами да си одлучат што ќе прават, но во пракса не дојде до промени./Alsat.mk

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button