СПОРТФУДБАЛ

Леверкузен најде замена за Алонсо, но треба да плати 8 милиони евра

Тренерот на Штутгарт, Себастијан Хенес не исклучува можност да остане на функцијата и идната сезона, и покрај тоа што летоска беше баран и од Баерн Минхен, а Баер Леверкузен го гледа како идеална замена за Чаби Алонсо.

Advertisements

Сепак, неговата одлука во голема мера ќе зависи дали тимот ќе може да биде конкурентен и да игра во Лигата на Шампионите.

Договорот на Хенес со германскиот првак е до 2027 година, но има ослободителна клаузула од 8 милиони евра, за сите клубови. Освен Леверкузен, за него има интерес и од англиските тимови. Одлуката за неговата иднина се очекува по крајот на сезоната.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button