ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Левица бара апанажа и за отпуштените работници

Левица поднесе предлог-закон со кој и работниците ако останат без работа, да добиваат апанажа, исто како и функционерите. Од Левица бараат во случај некој работник да остане без работа, од државата да добива цела плата. Колку месеци да трае тоа, да зависи од тоа колку време работеле во компанијата.

Advertisements

„За да земе обичен работник три месеци апанажа, треба да има шест месеци и еден ден стаж, за да земе шест месеци апанажа, ќе треба да има помеѓу шест месеци и една година стаж, а да земе работникот апанажа цела година треба да има стаж две години година и плус еден“, рече Борислав Крмов пратеник на Левица.

На овој начин Крмов вели дека нема да има дискриминација помеѓу функционерите и работниците. Ова, според Левица е правиот испит за пратениците да докажат дека работат во корист на граѓаните. Но, овој предлог-закон веќе беше одбиен да биде ставен на дневен ред на седница. Од Сојузот на синдикати на Македонија ја поздравуваат идејата, но свесни се за реалноста.

„Би кажал, дај Боже да помине едно вакво решение за апанажа на работниците, но имајќи во предвид досегашната пракса тоа е тешко доколку не е поднесено од владејачката гарнитура или мнозинството во Парламентот. Работниците заслужуваат и повеќе и од предлогот на Левица“, рече Иван Пешевски, потпретседател на ССМ.

Моменталното законско решение за работни односи, предвидува дека работникот кој работел во една фирма девет месеци и газдата го избрка од работа, од државата еднократно добива 50 отсто од месечната плата. Цела година работник добива пари од државата само во случај ако биде избркан после 25 години работен стаж во таа иста компанија. Предлог-законските измени од Левица доаѓаат по одбивањето на пратениците да им ја укинат апанажата на функционерите кога ќе им престане мандатот.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button