МАКЕДОНИЈА
Левица: ДПМНЕ остави без пари 1.300 семејства поради хировите на Мицкоски со Данела

Советниците на Левица ќе побараат нова вонредна седница за да се направи нов обид за усвојување на одлуката за исплата на субвенции за Јавното сообраќајно претпријатие, велат од партијата.
„Денеска на вонредната седница на Советот на Град Скопје, за еден глас поради негласањето на советниците на ДПМНЕ не беа исплатени субвенциите за ЈСП, со што работниците и нивните семејства останаа на цедило, без пари и понижени. Советниците на Левица веднаш ќе побараат нова вонредна седница за да не бидат жртви работниците на елитистичките хирови на раководството на ДПМНЕ, затоа што не можат политичките желби на отуѓената елита да ја диктираат мизеријата на луѓето“, соопштуваат од Левица.