МАКЕДОНИЈА

„Левица“ ќе го тужи Талат Џафери

„Левица“ ќе го тужи претседателот на Собранието, Талат Џафери за злоупотреба на службената положба. Основа за тужбата според нив е одговорот што Џафери им го доставил на пратениците од опозицијата по доставената интерпелација против него. Во барањето на Левица, која доби поддршка и од ВМРО-ДПМНЕ, не е напишано Уставното име на државата. Според Борислав Крмов, целта на Џафери е да избегне соочување со пратениците.

Враќањето на интерпелацијата оневозможува таа да се стави на дневен ред на една од јулските седници во Собранието. Роковите предвидени со деловник не предвидуваат вратен предлог за интерпелација да може да се стави на дневен ред во рок од 15 дена. Истата може да се разгледа на некоја од седниците во септември.

ВМРО ДПМНЕ поднесе интерпелација против Џафери бидејќи се обратил на албански јазик во Европскиот парламент, а службен јазик за меѓународна употреба е македонскиот. Интерпелацијата не доби поддршка од пратениците на парламентарното мнозинство ниту од Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button