МАКЕДОНИЈА

Левица: Мицкоски го продолжува историскиот ревизионизам започнат од СДСМ и Заев

„Од најавеното репреговарање на „Договорот за добрососедство“ со Бугарија нема ништо. Отфралењето на т.н. „Францускиот предлог“ не се ни споменува. Но, затоа, наместо укинување, Христијан Мицкоски најави „нови лица“ во историската комисија, која во ролја на полиција на мислата, спроведува бугаризација на Македонија!“, реагираат денеска од опозициската партија Левица.

Advertisements

Во соопштението меѓу другото се додава:

„Откако „Преспанскиот договор“ стана реалност за новата Влада, најавено е ново изневерување за македонскиот народ, што со денови протестираше против Договорот со Бугарија и „Францускиот предлог“!

Врховистичката политика на ВМРО-ДПМНЕ излегува на површина. Ваков чекор е сосема очекуван од политички лидер којшто се повикува на Ванчо Михајлов. Под маневарот на некакво репреговарање, ДПМНЕ продолжува да функционира како продолжена рака на СДС по однос на националните прашања и ги остава во живот преговорите за историска ревизија.

Како единствена анти-фашистичка опција, Левица е децидна – историската комисија не треба да биде предмет на „реформи“ и „нови лица“, туку итно и целосно укината! Менувањето на македонската историја од страна на трета земја е грубо вмешување во внатрешните работи и нарушување на суверенитетот на државата. Едноставно, Македонија не може и не смее да биде потчинета на бугарските националистички барања!“, велат од Левица.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button