ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Левица“ најави кривична пријава за Гаши поради Предлог-законот за бранители

Од политичката партија „Левица“ најавија дека ќе поднесат кривична пријава против претседателот на Собранието, Африм Гаши, бидејќи иако имал можност да ја свика седницата на собраниската Комисија за труд и социјална политика, демографија и млади на која треба да се разгледа Предлог-законот за бранители, но дека тоа не го сторил.

Advertisements

Пратеникот од „Левица“ Сашко Јанчев од собраниската говорница во процедурална забелешка рече дека не може собраниска комисија да не разгледа Предлог-закон и дека Деловникот предвидува резервен заштитен механизам со кој претседателот на Собранието може да свика седница на собраниската Комисија.

Претседателот на Собранието Африм Гаши рече дека во однос на прашањето за свикување на седница на собраниската Комисија јавно го кажале својот став.

Предлог-законот за бранители, поднесен од пратеничката Славјанка Петровска од СДСМ, треба да биде разгледан во скратена постапка. Претседателката на Комисијата за труд и социјална политика Илире Даути од Европскиот фронт нема свикано седница на чиј дневен ред ќе се најде и овој закон, а претседателот на Собранието вчера изјави дека нема да свика седница посочувајќи дека ингеренциите се кај претседателката на Комисијата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button