МАКЕДОНИЈА

Левица: Негативниот извештај на ЕК го потврди анти-европскиот карактер на оваа влада

Негативниот извештај на Европската комисија го потврди анти-европскиот карактер на оваа влада, реагираат од опозициската партија Левица. Како што додаваат од таму, Извештајот е доказ дека основната цел на борбата на СДСМ да остане на власт за да ги заштити своите коруптивни зделки, а не европската иднина на државата.

Advertisements

Во партиското соопштение меѓудругото се додава:

„Европската Комисија потенцира слабости во клучни сегменти, со кои се докажува коруптивниот капацитет на извршната власт и тоа:

– Во полето на демократијата, забелешките се дека јавноста воопшто не се консултира при носењето на новите закони;

– Во врска со борбата против организираниот криминал, забелешките се дека институциите се неефикасни и централизирани, особено потенцирани се слабости во издавањето на лични документи со лажни имиња на меѓународни криминални групации, перењето пари и трговијата со луѓе;

– Потфрлања се нотирани и во имплементацијата и заштитата на основните човекови права, каде се наведува дека не е забележан напредок од претходниот извештаен период;

– Дополнително нотирано е и дека мерките за подобрување на енергетската ефикасност се во застој, поради што сега се соочуваме со енергетска криза…

Ваков извештај на европска институција кон која се стремиме и чиишто вредности се трудиме да ги прифатиме е суштински заклучок дека единствен напредок на оваа влада е постигнат само во насока на обезличување на македонската нација и потчинување на државата кон странските шовинизми. Се докажа дека таквите, наводни облигаторни, чекори за промена на уставното име на државата и ревидирањето на историјата се излишни, бидејќи нотираните слабости во Извештајот извираат од неспособноста и криминогениот карактер на владините функционери и поради тоа оваа анти-европска гарнитура мора што побрзо да си замине“, велат од Левица.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button