МАКЕДОНИЈА

Левица: Осудени и амнестирани криминалци ги распродаваат националните интереси!

Бучковски најави дека во согласност со усвоената Методологија во спорот со Бугарија, од која јавноста е целосно исклучена, ќе се иницира промена на учебниците не само по Историја, туку и по Географија и Македонски јазик и литература. Овие промени не се мотивирани од желба за поквалитетни знаења, ниту од желба за унапредување на образованието – туку единствено од шовинистичките политики на бугарските власти, реагираат од партијата Левица. Во нивната реакција меѓудругото се додава:

Advertisements

Во име на некаков си непостоечки дух на европски вредности, бидејќи останатите европски држави ја чуваат историјата и националниот идентитет, тој најавува усогласени текстови и заедничко чествување (за македонскиот народ таквото чествување ќе биде ништо друго освен сквернавење!) на личностите и настаните од заедничката историја – концепт кој го промовира Бугарија и со кој се разорува националното ткиво врз кое е изградена Македонија, токму против територијалните претензии на соседните држави.

Од изјавата на Бучковски е јасно дека, Владата на чело со премиер амнестиран од затворска казна, веќе прифатила дека македонскиот народ и јазик постојат од 1944 година.

Со оглед на тоа што бугарската страна во повеќе наврати јасно и гласно објасни што подразбираат под „заедничка историја“, очекувано е дека трговците на власт го продале и Илинденското востание, како и  Народноослободителната војна, која почнала во 1941 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button